„При претресот пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога“, информира МВР
Дрога, дигитална вага и пари пронашла полицијата при претрес во домот и помошните простории на 22-годишен жител на скопската населба Ѓорче Петров.
„Денеска во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и помошни простории на Љ.Г. (22) во скопската општина Ѓорче Петров. При претресот пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога“,
информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведуваат дека осомничениот е приведен во полициска станица и до ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Министерството за внатрешни работи информираат дека и во текот на новогодишните празници продолжуваат со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога.