Полициски службеници извршиле претрес во домот кај Д. Ц. (38) во селото Добри дол, Општина Сопиште, при што биле пронајдени четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20 000 евра

Во домот на 38-годишниот Д. Ц. од селото Добри дол во Општина Сопиште полициски службеници пронашле четири кеси со околу четири килограми марихуана. Вредноста на пронајдената марихуана се проценува на околу 20 000 евра.
„Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, Општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20 000 евра“,
се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Триесет и осумгодишниот Д. Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од МВР велат дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
