На 7 август пред угостителски објект во Виница осомничениот со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од истиот град, по претходна вербална расправија, а по нападот, Н.В. се дал во бегство

Полициски службеници синоќа во 21:15 часот во Кочани го уапсиле 32-годишниот Н.В. од Виница, кој е осомничен за обид за убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, по претходни оперативни сознанија, осомничениот бил приведен поради основано сомневање дека на 7 август пред угостителски објект во Виница со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од истиот град, по претходна вербална расправија. По нападот, Н.В. се дал во бегство.
Од МВР велат дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.