Притвореникот кој вчера почина во притворот во Шутка, a посмртно беше тестиран за коронавирус е негативен на ковид-19, информираше министерот Венко Филипче.
„Таму продолжува активната работа на лекарите, во смисла на тестирање и прегледи. Утре ќе го имаме точниот број на направени тестови, после што ќе ја информираме јавноста“,
изјави Филипче.
Починатиот притвореник имал 23 години, а во притворското одделение бил од декември.
Според информациите од раководството на затворот, досега се направени нешто повеќе од 30 тестирања, кои се покажале како негативни.
Првиот позитивен случај во Шутка беше откриен на 8 април, кога почина притвореник, а посмртно се откри дека бил позитивен на ковид-19.