Правата пратка од вакцини против ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија денеска треба да пристигне на Скопскиот аеродром. Пратката попладнево ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.
„Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје“,
изјави министерот Филипче.
Филипче најави денеска дека очекува од среда да почне вакцинацијата. Тој објасни дека се завршени се сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.
Тој речеч дека од кинеската вакцина се очекуваат 200 000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „Спутник В“, се очекуваат 200 000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2 200 000 вакцини треба да стигнат во земјава.