Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека помошта од Европската Унија во борбата против ковид-19 е пристигната и досега достигна до 3,2 милиони евра.
„Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25 000 маски N95, 100 000 хируршки маски, 750 000 пара ракавици, 10 000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра“,
рече Филипче.
Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и дополнителни уште 15 преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.
Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем.
