Вечерва во земјава пристигнале 38 400 вакцини од „Астра Зенека“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Вакцините пристигнаа преку Ковакс механизмот и ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓаните над 60 години.
Во објавата дека пристигнале вакцините, Филипче потенцира и дека количините постојано се надополнуваат и ги повикува граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk.
За утре, како што беа најавите од здравствените власти, е најавено пристигнување на 100 000 вакцини од „Синофарм“ кои се донација од кинеската армија.
Според денешните изјави на Филипче, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 000 граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.