Згрижени се вкупно 145 настрадани во болниците во Скопје, Штип и Кочани, но и во соседните и други земји, соопштија вечерва од Владата, како сублимант од случувањата со повредените од денешната трагедија во пожарот во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица
Во земјава вечерва пристигна медицински тим од Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, а се очекуваат да дојдат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои треба да им помогнат на нашите лекари во лекувањето на повредените од пожарот во дискотееката во Кочани, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:
• Клинички центар – 20 пациенти
• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти
• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
• Клиничка болница Штип – 20 пациенти
• Општа болница Кочани – 7 пациенти
• Клиника за токсикологија – 2 пациенти
Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство.
• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
• Република Хрватска и Романија: Очекува се во текот на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.