Принцот Чарлс се тестираше на коронавирус и неговиот тест е позитивен, но има лесни симптоми и е во добра здравствена состојба, јавува „Гардијан“.
Со неговите 71 година, тој припаѓа на ризичната група пациенти кои се заболени со коронавирус.
Чарлс во моментов се наоѓа во самоизолација и така ќе остане следниве 12 недели.
Сопругата на Чарлс и војвотка од Корнвол, Камила, била тестирана за коронавирус, но нејзиниот тест е негативен.
„Согласно владините и медицинските совети, принцот и војвотката се во самоизолација во нивниот дом во Шкотска. Засега не е возможно да се утврди како принцот се заразил со вирусот бидејќи изминативе недели имал голем број ангажмани“,
се вели во соопштението упатено до јавноста.
Чарлс е син на кралицата Елизабета Втора и татко на Вилијам и Хари.
Во Велика Британија има 8 илјади регистрирани случаи на коронавирус, од нив 422 починаа, а 135 се излекувани.