Во март 2020, беше соопштено дека Чарлс е позитивен на коронавирус, и дека со неговите, тогаш 71 година спаѓа во групата на ризични пациенти поради што во изолација беше 12 недели
Британскиот принц Чарлс повторно е позитивен на коронавирус и се наоѓа во самоизолација, соопшти кралската палата.
„Утринава принцот од Велс доби позитивен тест за коронавирус и сега е во самоизолација. Принцот е тажен што нема да може да присуствува на денешните настани во Винчестер“,
напишаа претставници на Бакингемската палата на Твитер, пренесе Скај Њуз.
Ова е вторпат 73-годишниот престолонаследник на британската круна да е заразен со коронавирус.
Пред речиси две години, во март 2020, беше соопштено дека Чарлс е позитивен на коронавирус, и дека со неговите, тогаш 71 година спаѓа во групата на ризични пациенти поради што во изолација беше 12 недели.