Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот од полицијата велат дека против 43-годишниот кумановец ќе биде поднесена соодветна пријава
Во домот на 43-годишен кумановец полицијата вчера пронашла хероин, кокаин, бела кристална материја – крек и марихуана. При претресот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.
„На 04.10.2023 во 21:35 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д. М. (43) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител“,
се вели во полицискиот извештај.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против 43-годишниот кумановец ќе биде поднесена соодветна пријава.