Сите преживеани патници се стабилизирани
Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти.
Како што изјави Османи по посетата на болницата „Пирогов“ во Софија, сите седум хоспитализирани што ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очекува по еден или два дена да бидат префрлени во Скопје.
„Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префрлиме потоа во Скопје“,
рече Османи.
Тој е во Софија по трагичната несреќа што се случи ноќеска заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Според информациите што се познати, во автобусот имало 52 патници, од кои преживеаја само седум.