На другите патишта од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива тековно и непречено по наместа влажни коловози
Сообраќајот на патот Валандово-Демир Капија е во прекин во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Прекинот, кој е од 07:20 часот утринава, е поради превртена камионска приколка кај местото Јаворица.
На другите патишта од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива тековно и непречено по наместа влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека има постојано дежурни екипи на терен кои ги одржуваат сите патни правци проодни и дека учесниците во сообраќајот може да добијат повеќе информации на нивниот дежурен телефон 02 2561 502.