Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба заради заштита и справување со последиците од коронавирусот. Како што соопшти тој во обраќањето до јавноста, вонредната состојба ќе трае 30 дена.
Од оној момент кога Собранието ќе може да се состане, оваа одлука ќе му биде поднесена на потврдување. Пред истекот на тие 30 дена тој очекува од Владата да му поднесе извештај за ефектите од преземените мерки и образложен предлог за потребата од евентуално продолжување на мерката за дополнителни 30 дена.
Владата ќе продолжи да функционира како техничка, а ќе има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата, и државни и приватни за подобро справување со ситуацијата – поголемо ограничување за движење и поголеми средства за поддршка на економијата.
Ова е првпат од независноста да се прогласи вонредна ссостојба, што според Пендаровски укажува на тоа колку е сложена состојбата и колку е голем ризикот.
Поврзани вести
Џафери го чека предлогот за вонредна состојба за да го препрати кај Пендаровски (ВИДЕО)
Џафери за МИА: Собранието нема да се состане, претседателот ќе прогласи вонредна состојба
Спасовски: Владата бара воведување вонредна состојба веднаш