Владата на крајот на декември дала согласност за именување почесен конзул на Унгарија во С Македонија, со седиште во Штип
Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, стана почесен конзул на Унгарија во нашата земја.
Во одлуката на Владата од крајот на минатиот месец, со која се дава согласност за именување почесен конзул на Унгарија во С Македонија, со јурисдикциско подрачје во опфат на Источниот регион, е наведено дека седиштето на почесниот конзулат е во Штип.

Арсовска е на чело на Сојузот на стопански комори од 2014 година, а претходно беше член на Управниот одбор и претседателка на Услужната комора.
Според Законот за надворешни работи, држава со која земјава има дипломатски или конзуларни односи може да именува почесен конзуларен функционер (почесен конзул). Почесниот конзул може да биде македонски или странски државјанин со регулирано право на престој во Македонија. Согласноста за именување почесен конзул, на барање на државата која именува, ја дава Владата.