Словенечката претседателска со Пендаровски ќе положи и венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје

Во официјална посета на земјава денеска ќе биде претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.
Покрај со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, Пирц Мусар ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има и свечено обраќање на седница во парламентот.
Претходно, Пендаровски во својот кабинет ќе ја пречека со највисоки државни и воени почести на церемонија во претседателскиот кабинет во Вила Водно.
Покрај официјални средби, словенечката претседателска со Пендаровски ќе положи и венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.