Се работи за протест на преспанските овоштари кај местото викано Макази
Овоштарите од Преспа претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано Макази и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.
Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.
Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.