Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и нестабилно време ќе се задржи и утре, кога исто така се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи
Времето денеска ќе биде претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Овие процеси, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок. Наместа се очекува тие да бидат во форма на навреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од седум до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе биде променливо облачно и настабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и нестабилно време ќе се задржи и утре, кога исто така се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.
За деновите од викендот синоптичарите прогнозираат претежно стабилно, сончево и топло време, а од понеделник попладне повторно се најавува дестабилизирање.