Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) покажал дека и покрај удвојувањето на бројот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 до 2022 година, бројот на здравствени прегледи не е зголемен, што значи дека дел од нив воопшто не биле искористени
Пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во партиското седиште обвини дека претходната владав во чиј дел беа СДСМ и ДУИв системски го уништувала македонското здравство – што поради неспособност, што поради криминал. Како што рече Петрушевски, неспособноста на претходните власти била причината што граѓаните чекаат секој месец за термин на магнетна резонанца, иако според извештајот на ДЗР за тоа нема никаква потреба.
„Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено, еден апарат во просек има 2 800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква“,
рече Петрушевски.
Дополнително, тој вели дека во системот за термини со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите биле тие кои страдале и не добивале услуга.
„Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира“,
кажа Петрушевски.