Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, до засилен ветер од северен правец кој наместа ќе достигнува брзина од 60 км/ч, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

И во Скопје се очекува сончево време со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според најавите од УХМР, од утре следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.