Попладнево во скопската општина Бутел е пријавена престрелка со автоматско оружје, потврди Министерството за внатрешни работи.
Во инцидентот велат нема повредени, а лицето што пријавило во полиција изјавило дека препознало дел од напаѓачите кои пукале од автомобили.
„Во 17:47 час. О.И. пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош “новиот дел после подвозникот од десната страна ,од 2 ПМВ едното Фолксваген Пајтон сива боја и ПМВ Ауди 4 црна боја, во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје, но никој не бил повреден ,(пријавителот посочи дека препознал дел од напаѓачите). Се работи на расчистување на случајот“,
се наведува во полицискиот билтен.