Од сообраќајната полиција, пак, соопштија дека камионот бил преоптоварен, што веројатно ја предизвикало несреќата
Најмалку 70 лица загинаа во Етиопија откако камион падна во река во областа Бона, соопштија тамошните власти. Овој регион се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Адис Абеба.
До несреќата дошло камионот преполн со патници што оделе на свадба паднал во реката.
„Преживеаните патници се хоспитализирани во централната болница во Бона“,
велат од Етиописката државна телевизија.
Портпаролот на регионалната влада на Сидама, Восенјеле Симион, изјави дека неколкумина повредени патници се во критична состојба.
Од сообраќајната полиција, пак, соопштија дека камионот бил преоптоварен, што веројатно ја предизвикало несреќата.
A traffic accident in Ethiopia’s Sidama region killed 63 and wounded Four people, according to the regional health bureau. The incident occurred when an Isuzu truck, carrying wedding-goers plunged into a river after falling off a bridge. pic.twitter.com/U7pMqb1ae9
— Eshèté Bekele (@EsheteBekele) December 29, 2024
Инаку, како што пишува „Гардијан“, ваквите сообраќајни несреќи се честа појава во Етиопија, зашто сообраќајните правила не се целосно регулирани, а возилата не се одржуваат согласно прописите.
Во 2018 година околу 40 лица, главно студенти, загинаа кога автобус падна во провалија во северниот дел на Етиопија.