Словачкиот премиер Едуард Хегер упати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија целосно да ја освои Украина и да излезе како победник во актуелната војна, пренесуваат тамошните медиуми.
„Ако Украина падне, следна е Словачка. Украина мора да победи“,
изјави Хегер за време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, каде што присуствуваат голем број политички и економски лидери.
Премиерот на Словачка ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на енергенти од Русија и ги повика европските лидери да престанат да ги компромитираат своите принципи кога си имаат работа со Русија.
„Предолго ги продававме своите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин ја предизвикаа војната во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која луѓето масовно гинат. Украинците пролеваат крв за нашите вредности“,
додаде Хегер.