Денеска во Србија започнува вакцинацијата против ковид-19, а први ќе се вакцинираат премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд, вработување и социјални прашања Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, потврдија од српската влада.
Вакцинацијата почнува откако во вторникот во Србија пристигна првиот контингент од 4 875 дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.
По нив, ќе се вакцинираат и жители на домовите за стари лица во Белград и Нови Сад.
Претседателот Александар Вучиќ веројатно нема да се вакцинира сега бидејќи, како што изјави вчера, некој меѓу него, Брнабиќ или Кисиќ-Тепавчевиќ ќе биде изоставен со цел да прими некоја од вакцините на другите компании кога ќе пристигнат во Србија за да покажат дека сите се безбедни.
