Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на С Македонија
Дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор најави вечерва Владата по завршувањето на редовната седница каде е усвоена информација за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор „Е-туризам“.
Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на С Македонија.
Преку овој систем се планира да се врши и пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку интернет.
Дополнително, како што се наведува во владиното соопштение, платформата „Е-туризам“ ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети, како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа.