На секоја средба на Комисијата за историски и образовни прашања не може има спектакуларни резултати, но продолжува нивната работа, како и средбите на политичко ниво, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение“,
рече Османи.
Смета дека е добро да има почести средби, и оти со таков пристап полесно ќе се дојде до повеќе заеднички заклучоци.
Османи посочи дека во меѓувреме проодлжува и усогласувањето со Софија околу акцискиот план. За тоа пред два дена разговарал во Софија со бугарската колешка Екатерина Захариева, а комуницираат и двете министерства со цел да може да се пристапи кон следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината средба.
„Мислам дека засега прашањата за коишто разговараме се јасни. Нашата интенција е дека треба да се вратиме на Договорот, на начелата на Договорот или инструментите коишто ги предвидува Договорот. Мислам дека се повеќе од бугарска страна се потврдува таа интенција дека само Договорот е решението, а Договорот има јасни утврдени насоки кои се разликите и како треба да се надминат разликите. Мислам дека отворање на дополнителни прашања не е во интерес ниту на двете страни,ниту на процесот“,
изјави миниситерот за надворени работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Државниот завод за статостика Апостол Симевски.