Инаку, предметот „Топлик“ се однесува на продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште. Тој е дел од листата на предмети на кои им се заканува застарување по неодамншените измени на Кривичниот законик. Според обвинението, делото злоупотреба на службената положба и овластување за кое се товарат Јанакиески и петмина обвинети е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013, што значи дека апсолутна застареност според пресметките настапила во февруари 2023 година
Апелацискиот суд одлуката за укинување на првостепената пресуда ја донел на 6 септември, истиот ден кога Собранието ги изгласа контроверзните измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и се воведува горна граница
Предметот „Топлик“, кој се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште, а во кој првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се враќа на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

Имено, Апелацискиот суд Скопје денеска преку писмено соопштение информира дека донел решение со кое ги уважил жалбите на Јанакиески и на уште петмина други обвинети во случајот и ја укинал првостепената пресуда.
Инаку, со првостепената пресуда Јанакиески во случајот „Топлик“, што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство беше осуден на затворска казна од три години и шест месеци. На казна затвор од три години беше осуден уште еден од обвинетите, додека на останатите четворица Кривичен им одреди условни казни од две години.
Според соопштението, Апелацискиот суд одлуката ја донел на 6 септември, истиот ден кога Собранието ги изгласа контроверзните измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и се воведува горна граница.
Измените на КЗ ќе имаат импликации и на овој случај, бидејќи Јанакиески и останатите се гонат токму за ова кривично дело.
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како ‘Tоплик – Сончев град’, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј. од С., Т.Ѓ. од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ. од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“,
се наведува во соопштението објавено денеска на официјалната интернет-страница на Апелацискиот суд Скопје.
Во него не се образложени причините поради кои е укината првостепената пресуда и од Судот велат таа „вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб-страната на судот, согласно начелниот став на општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21 декември 2021 година“.

Предметот „Топлик“ се однесува на продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.
Првостепената пресуда Основниот кривичен суд Скопје ја донесе на 5 април 2022 година, со која на Јанакиески му изрече казна затвор од три години и шест месеци. Томе Ѓурчиловски, кој бил претседател на Комисијата за јавни наддавања во Министерството за транспорт и врски доби затворска казна во траење од 3 години затвор. На другите четворица (Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска), пак, судот им одреди условни казни затвор од две години кои нема да се извршат ако во рок од пет години не сторат ново кривично дело.
Инаку, „Топлик“ е дел од листата на предмети што ја објави невладината Коалиција „Сите за правично судење“ за кои ќе настапи застареност по измените на Кривичниот законик.
Според обвинението, делото злоупотреба на службената положба и овластување за кое се товарат Јанакиески и останатите обвинети е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013 што значи дека апсолутна застареност според пресметките настапила во февруари 2023 година.
Јанакиески во моментов издржува затворска казна од три години шест месеци за случајот „Титаник“. Тој во јули годинава од куѓен притвор беше спроведен во затвор откако призна вина за речиси сите дела поврзани со изборни нерегуларности во случајот „Титаник, освен за делото злоупотреба на средствата за финансирање изборна кампања, но подоцна обвинителството се откажа од прогон за ова дело.
Кога станува збор за импликациите од измените на Кривичниот законик Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за „Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.
Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата.
Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата.
Судијата Илија Трпков на денешното рочиште рече дека кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот.
Обвинителката Ленче Ристоска која го застапува обвинението по денешното рочиште изјави дека „за жал, нема да имаме кривично-правна разрешница и во овој случај и повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата“.
Целосната застареност на случајот, вели Ристоска, е директна последица на измените во Кривичниот законик.
Прашана за тоа кој ќе ги плаќа штетите за прислушувањето со ваква правна завршница на предметот, обвинителката Ристоска вели дека трошоците за кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот. На товар на државата, додава таа, паѓаат и трошоците за обесштетување на лицата кои биле оштетени од прислушувањето.