Доцна синоќа авион кој се подготвувал за полетување од аеродромот „Лав Филд“ во Далас бил погоден од куршум, по што морала да биде прекината процедурата за полетување и леталото се вратило на терминалот.
Станува збор за авион на „Саутвест ерлајнс“ кој наместо да полета за Индијанaполис, морал да се врати на аеродромскиот терминал, каде било утврдено дека куршум завршил во десната страна на леталото.
„Нема повредени. Надлежните се известени и авионот е отстранет од употреба. Патниците беа безбедно евакуирани“, се вели во соопштението на Федералната управа за воздухопловство.