Анализата покажува и дека нема значителна разлика меѓу аргументацијата во излагањата на пратениците од опозицијата и на оние од власта. Во 53 отсто од набљудуваните дискусии во Собранието, ниту опозиционерите ниту пратениците од мнозинството не понудиле аргументирани ставови
Покрај нискиот степен на аргументираност на своите ставови, ниту кај пратениците од власта ниту кај оние на опозицијата во периодот од јануари до јуни годинава не било забележано менување на позициите поради подобра и поубедлива аргументација на нивните соговорници
Квалитетот на дискусиите во законодавниот дом сè уште ја нема минималната потребна оценка за тие да може да се наречат здрави дебати. На скала од 1 до 10, квалитетот на дискусиите во Собранието за периодот јануари-јуни 2023 година е оценет со 5,5 – што е благо влошување во однос на периодот од јули до декември минатата година кога квалиетот на парламентарната дебата имаше оценка од 5,7.
Ова го покажуваат податоците од полугодишниот извештај на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од набљудувањето на квалитетот на дебатата во парламентот во периодот од јануари до јуни годинава.
Ниската оценка на парламентарната дискусија, како што се наведува во извештајот, особено се должи на лошите оцени околу отвореноста на пратениците за прифаќање на туѓите аргументи и менување на сопствените ставови поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата.
Пратениците слабо ги аргументираат своите ставови, кај опозиционерите забележан раст на неаргументирана дискусија
Излагањата на пратениците биле неаргументирани во 49 отсто од анализираните дискусии, а во 44 проценти од дискусиите кои биле предмет на анализа, народните избраници имале слаба аргументација, односно понудиле само образложение на своите позиции. Ова, како што се вели во извештајот на Институтот за демократија, не е доволно за да се смета за целосен аргумент.
Извор: Анализа на Институтот за демократија
Анализата покажува и дека нема значителна разлика меѓу аргументацијата во излагањата на пратениците од опозицијата и на оние од власта. Во 53 отсто од набљудуваните дискусии ниту опозиционерите ниту пратениците од мнозинството не понудиле аргументирани ставови.
Споредено со периодот од јули до декември 2022 година, степенот на аргументираност кај пратениците од власта е генерално ист, со мало влошување, додека кај опозицијата е забележан раст на неаргументирана дискусија.
Извор: Анализа на Институтот за демократија
Пратениците не се отворени за промена на своите позиции поради убедливоста на аргументите на нивните соговорници
Покрај нискиот степен на аргументираност на своите ставови, ниту кај пратениците од власта ниту кај оние на опозицијата во овој период не било забележано менување на позициите поради подобра и поубедлива аргументација на нивните соговорници. Генерално, се вели во извештајот, нема значително поместување кон подобрување или влошување во однос на ова прашање споредено со претходните периоди на набљудување.
„Доколку според партиската припадност на пратениците се анализира отвореноста кон аргументите на другите учесници на седниците, може да се заклучи дека двете страни повеќе се фокусираа на искажување на нивните ставови. Во дискусиите на мнозинството, во 51 процент од случаите немаше промена на став и не се
се додава во анализата.
призна вредноста на аргументите на говорниците од другата опција, истото се случи и со дискусиите на опозицијата (39 отсто)“,
Извор: Анализа на Институтот за демократија
Учеството на жените во парламентарната дискусија на највисоко ниво досега
Учеството на жените пратенички во дебатата во законодавниот дом во првата половина од годинава е на високи 43 отсто и се задржува на релативно исто ниво како во периодот јули – декември 2022 година, што претставува највисоко учество во споредба со сите претходни периоди на набљудување.
Меѓу десетте пратеници кои биле најактивни и најдолго се задржале на собраниската говорница во овој период на набљудување, се најдоа пет пратенички од опозицијата – Бети Стаменкоска Трајкоска, Гордана Сиљјановска Давкова, Благица Ласовска, Лидија Петкоска, и Ели Панова.
Извор: Анализа на Институтот за демократија
Покрај нив, на листата на најактивни пратеници се и опозиционерите Дајанчо Ефтимов, Здравко Трајанов, Драган Ковачки, Бојан Стојаноски и Миле Лефков. Од нив најмногу, или вкупно 85 пати за збор се јавил Здравко Трајанов, а пратеникот Дајанчо Ефтимов зборувал најмногу од собраниската говорница или вкупно 709 минути.
Целиот извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот јануари-јуни 2023 година, спроведено од Институтот за демократија „Социетас Цививис“ погледнете го на следниот линк.