Милошоски и на овие избори е кандидат за пратеник, високопозициониран на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица. Меѓутоа, веројатно, поради тоа што е во самоизолација, не е активен во кампањата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за ковид-19 му е негативен.
„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку дена ќе следува успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро“,
напиша Милошоски на Фејсбук.
Тој во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, поради покачена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на ковод-19.
Милошоски и на овие избори е кандидат за пратеник, високопозициониран на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица. Меѓутоа, веројатно, поради тоа што е во самоизолација, не е активен во кампањата.