Актуелната пратеничка на СДСМ и поранешната дополнителна заменичка министерка на МВР во техничката влада, Славјанка Петровска, информираше дека е позитивна на ковид-19.
Таа вели дека денеска попладнето добила покачена температура и омалаксаност додека била во Собранието, по што направила тест и резултатот бил позитивен.
„Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“,
напиша Петровска на Фејсбук.