Изгаснат е пожарот што попладнево изби во поранешната зграда на „Технометал“, на улица Македонија во центарот на Скопје. Ситуацијата е под контрола и нема опасност за околните згради.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот го гаселе едно возило и пет пожарникари, а причината ќе се утврдува дополнително од надлежните служби.
Во пожарот горел отпаден материјал во напуштениот објект.
Попладнево околу 17 часот станарите од околните згради пријавиле во Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје.