Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот кај село Фурка, помеѓу општините Дојран и Богданци е активен, но е со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. На терен се педесетина пожарникари од Гевгелија, Дојран, Валандово и Струмица.

Пожарот кај селото Фурка е активен на кракот на западната страна према Богданци и мал крак према Рибник Елита.
Од ЦУК информираат дека во последните 24 часа изгаснати се 12 пожари кај Ангелци и Вељуса, Струмичко, Пирава – Валандово, Ињево – Радовиш, Житоше и Борино – Битола, депонијата кај Крушево, стрниште кај Штип, куќа во село Орашје – Тетово, сува трева и ѓубриште во Тетово, стрниште во село Рамановце – Куманово, стрниште во село Ложани – Кичево, село Гајре – Тетово, сува трева и ѓубре кај Желино и сено во село Челопек – Брвеница,