Пожарите се под контрола и се локализирани, но ветрот го отежнува гаснењето. Густиот чад се забележува оддалеку, а се чувствува и во центарот на градот
Пожар избувна денеска напладне кај Струмица на депонијата во близина на селото Баница, а потоа пожари избувнале на уште десетина места, каде што горат стрништа во областа Софилар, во непосредна близина на градот, јави дописникот на МИА.
Густиот чад може да се забележи оддалеку, а остатоците од изгорениот материјал силниот ветар ги носи и до централното градско подрачје.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Алекснадар Гудев, во гаснењето на пожарите се вклучени 20 пожарникари и три противпожарни возила.
„Засега нема посериозни штети предизвикани од пожарот освен што е изгорен еден сосема мал дел од покрив на една викендичка. Првиот повик дојде за запалена депонија во близина на селото Баница, а набргу потоа пожари избувнаа на уште десетина други локации, каде што горат стрништа“,
изјави Гудев.
Тој додава дека пожарите се под контрола и се локализирани, но силниот ветар го отежнува гаснењето.