Пожарот е изгаснат, а операцијата за пребарување и спасување е во тек. Не се познати причините за пожарот
Во пожар што синоќа зафати зграда од 13 ката во јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку девет лица, а 44 се повредени, јавија локалните медиуми.

Зградата се запалила околу три часот наутро, објави противпожарната служба во градот Каосиунг.
Пожарот е изгаснат, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.
Во тек е истрага за причините за пожарот.