Сеута, на северниот брег на Мароко, е одвоена од копнена Шпанија со Гибралтарскиот Проток и долго време е клучна точка за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа

Стотици мигранти влегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута од Мароко во текот на изминатата недела, инфомираа локалните власти кои велат дека приливот ги преоптоварува ресурсите и ја повикаа шпанската влада да интервенира. Се очекува шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка да ја посети енклавата.
На видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледаат мигранти како пливаат, користат пловила на надувување и други средства за пливање за да стигнат до Сеута.
Сеута, на северниот брег на Мароко, е одвоена од копнена Шпанија со Гибралтарскиот Проток и долго време е клучна точка за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа.
Претходно овој месец, Врховниот суд на земјата пресуди дека мигрантите пресретнати на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута не можат експресно да бидат вратени во Мароко. Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека верува оти мрежите за трговија со луѓе ја злоупотребуваат таа пресуда за да го поттикнат приливот на нерегистрирани мигранти, претежно млади луѓе.
Оттаму наведоа дека соработуваат со Мароко во сите области, вклучително и миграцијата, и дека двете земји се согласиле да ги засилат напорите за решавање на прашањето, вклучувајќи го и предавањето на сите лица кои илегално влегле во Сеута.
