Во 22 часот е добиена пријава за запалена викендица во населбата Катланово во близина на цркавата. Мометално екипата од БППЗ на Град Скопје интервенира со пет возила и 15 пожарникари, соопштија од РЦУК
Избувнал пожар во викендичка во населбата Катланово во близина на цркавата, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

„Во 22 часот е добиена пријава за запалена викендица во населбата Катланово во близина на цркавата. Мометално екипата од БППЗ на Град Скопје интервенира со пет возила и 15 пожарникари“,
се вели во соопштението до РЦУК.
Оттаму велат дека нема опасност пожарот да се прошири.
Повеќе информации за овој случај од РЦУК најавија во текот на утрешниот ден.