Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета
Пожар рано изутринава избувнал во угостителски објект во зградата на Градскиот пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Пожарот, околу 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица, која веднаш интервенирала со две возила. Со брза интервенција било спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот, јави МИА.
Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.