Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека пожарот е делумно ставен под контрола и во моментов не претставува опасност по населените места
Над скопското село Бојане во Општина Сарај вечерва избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а екипи на противпожарната служба од Тетово се ангажирани како засилување.

Од ЦУК додаваат дека пожарот е делумно ставен под контрола и во моментов не претставува опасност по населените места. Утре се очекува воздушна интервенција за целосно гаснење на пожарот.
„Од терен директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот и сме во постојана координација со сите надлежни служби и институции ангажирани на терен“,
велат од Центарот за управување со кризи.
