Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица – Битола, Христијан Тодоровски, екипи на ТППЕ – Битола се на терен за да го изгаснат или да го локализираат пожарот
Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево, јави МИА.
Како што информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Битола, Христијан Тодоровски, екипи на ТППЕ – Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.
„Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме сè од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран“,
изјави Тодоровски за МИА.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, еден е под контрола и шест се изгаснати.
Активни пожари:
- Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума)
- Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Василево: село Нивичино (нискостеблеста шума)
- Општина Пробиштип: помеѓу селата Троло и Петришино (нива со житна култура)
Изгаснати пожари:
- Општина Чучер Сандево: село Мирковци, кај манастирот „Св. Илија“, место викано Чардак (ниска вегетација и мешана шума)
- Општина Гостивар: наплатна рампа Гостивар (ниска вегетација)
- Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација)
- Општина Охрид 1: село Буково (депонија)
- Општина Охрид 2: село Требеништа (ниска вегетација)
- Општина Куманово: село Умин Дол (ниска вегетација)
Под контрола е пожарот во Општина Дојран кај селото Николич (нискостеблеста шума),