Неименуван извор од службата за вонредни состојби што го цитира новинската агенција ТАСС вели дека поради пожарот 20 лица биле евакуирани. Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ е надвор од употреба и закотвен во т.н. суво пристаниште од 2018 година поради поправки
Пожар денеска изутрина избувнал на единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, објавија руските државни медиуми, пренесува „Гардијан“.
Знаменосецот на руската морнарица, според извештаите на руската државна агенција ТАСС и новинската агенција Риа Новости, претрпел „мал“ пожар додека бил закотвен во бродоградилиштето Звјоздочка во арктичкото пристаниште Мурманск, кое се наоѓа на крајниот северозапад од Русија.
Агенциите го цитираат шефот на Обединета бродоградбена корпорација, компанија во државан сопственост, Алексеј Рахманов, кој рекол дека пожарот бил брзо изгаснат и во него нема жртви.
Неименуван извор од службата за вонредни состојби што го цитира новинската агенција ТАСС вели дека поради пожарот 20 лица биле евакуирани.
Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ е надвор од употреба и закотвен на т.н. суво пристаниште за поправки од 2018 година.
Рахманов за руските медиуми во јуни изјави дека очекува воениот брод тежок 43 000 тони и долг 305 метри да се врати во употреба на почетокот на 2024 година.