Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, соопштија денеска од АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.
Според последната денешна ажурирана состојба, поштенски пратки може да се испраќаат во: Австрија, Албанија, Англија, Аргентина, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Италија, Израел, Јапонија, Косово, Летонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија, Хонгконг, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.
Листата на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк: ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки , а тој се ажурира согласно околностите во државите.