„Денеска е извршен трансфер на 62 семејства на починатите лица во пожарот во Кочани“, информираат од оваа установа
Собрани се повеќе од два милиони евра или 128 011 651 денари за помош на настраданите од пожарот во Кочани, соопштија денеска од републичкиот Црвен крст.

„Денеска е извршен трансфер на 62 семејства на починатите лица во пожарот во Кочани. Досега на настраданите им се исплатени вкупно 86 100 000 денари“,
се вели во соопштението од Црвениот крст.
Оттаму посочија дека заедно со партнерите продолжуваат со испораката на психосоцијална и друга помош на настраданите во пожарот во Кочани.