На терен се триесетина струмички пожарникари, а интервенираат и два хеликоптера
Во плевна на куќа во општина Ново Село избил силен пожар кој брзо се проширил на соседните три куќи, информира Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК , огнот се шири многу брзо, а во близина има бензинска пумпа.

Фото: ЦУК
На терен се триесетина струмички пожарникари, а интервенираат и хеликоптери, вели директорот на ЦУК, Стојанче Анеглов.
„Во дворовите на куќите има многу горлив материјал, поради што гаснењето е отежнато. Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство, а армискиот во секој момент ќе биде таму. Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица,“
изјави Ангелов.