Во Гостивар и во Тетово, одѕивот до 11 часот и денеска е под просекот на ниво на државата, ама сепак е повисок отколку пред две седмици
Значително поголема излезност во претпладневните часови е забележана во вториот изборен круг и во повќето поголеми општини во внатрешноста, во споредба со првиот круг, на 17 овој месец.
Можеби најголемо зголемување на одѕивот има во Куманово, каде што пред две седмици одѕивот до 11 часот бил 5,91 процент, а сега е 13,68, односно на гласање излегле 12 163 избирачи.
Во Битола, исто така, има поголем одѕив до 11 часот. Поточно, пред две недели, во првите четири часа од изборниот ден гласале 13,33 отсто, а сега одѕивот е 19, 56 проценти (15 779 избирачи го оствариле гласачкото право).
Во Охрид, на 17 октомври, во претпладневните часови гласале 12,24 отсто од запишаните избирачи, а денеска тој процент е 17 75 или 9 306 избирачи.
Во Тетово, каде што во првиот круг излезноста беше 6,93 проценти до 11 часот, сега е 9,93 отсто ( 8 409 избирачи)
Во Гостивар, одѕивот до 11 часот и денеска е под просекот на ниво на државата, ама сепак е повисок отколку пред две седмици. Односно, ако претпладнето на 17 октомври одѕивот бил 5,95 сега 9, 64 отсто или на гласање излегле 7 804 избирачи.
Во Кичево, одѕивот од 10,23 отсто до 11 часот на 17 октомври, сега стигна до 13 97 отсто или 7 078 излезени гласачи.