Градоначалникот на о. Аеродром Тимчо Муцунски вели дека решавањето на проблемот со аерозагадувањето треба да биде приоритет, а тоа е процес за кој мора да има сеопфатен и системски пристап не само од страна на општините туку и од централната власт и Градот Скопје.
Во вечерашното гостување на Муцунски на ТВ Сител кажа дека е потребно да се преземат посоодветни мерки во борбата против аерозагадувањето од страна на централната власт во координација со Градот Скопје и општините во Скопје
“Не постојат физички бариери помеѓу општините, што значи дека ние мора да имаме еден сеопфатен пристап кој заедно ќе го преземеме”,
вели Муцунски.
Тој вели дека како градоначалник презема одредени мерки, односно инвестира во енергетска ефикасност на јавните објекти, не се издаваат нови градежни маркици на територијата на општината а инвестирано е и во зголемувањето на зеленилото во општината.
“Не може само Аеродром, Гази Баба или Кисела Вода да прават само нешто, мора проактивност од централната власт, мора да има стратегија и план а мора и да видиме и малку поголема ангажираност од Град Скопје”,
кажа Муцунски.
Прашан дали има координација со Градот Скопје, Муцунски вели дека за жал телото која има обврска да ги координира општините кое треба да го води градоначалникот на Град Скопје воопшто не функционира.
“Законски тоа тело треба да се состанува најмалку еднаш месечно, досега во последната година се имаат состанато четири пати а во последните шест или седум месеци воопшто не е свикана било каква средба”,
вели градоначалникот на о. Аеродром.
Тој вели дека за жал нема интерес за комуникација на Градот Скопје со општините , а токму тоа носи само штета на граѓаните.