Синдикатот на културата и Министерството за култура потпишаа колективен договор со кој вработените во културата ќе имаат регулирани работнички права, а од 1 јули следната година ќе бидат утврдени и коефициентите за платите.

„Овој колективен договор ги регулира работните односи на работниците во културата кои долги години не беа регулирани. Со потпишувањето ќе бидат регулирани работничките права, се валоризира трудот, се утврдуваат надоместоците и се заштитуваат сите права на вработените од културата“,
изјави министерот за култура Хусни Исмаили.
Од Синдикатот за образование, наука и култура се задоволни од потпишаниот колективен договор но велат дека и во следниот период доколку, доколку има некакви неправилности, ќе работат на нивно надминување.
„Моето убедување е дека во културата во која има вградено повеќе области невомзожно е да се најде идеален текст и идеален колективен договор. За таа цел, во соработка со Министерството за култура и колегите од Синдикатот за култура интензивно ќе работиме и во следниот период за надминување на сите отворени прашања со кои заеднички ќе утврдиме дека некаде можеби несвесно сме направиле грешка“,
рече претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков.
Во колективниот договор има одредба со која е загарантирано зголемувањето на платите во културата и тоа нема да зависи од исходот на предвремените парламентарни избори.
Владата во саботата го овласти министерот за култура да го потпише колективниот договор, а Министерството за финансии го задолжи да ги обезбеди средствата за зголемување на платите.