Во изминатите пет години од претседателскиот мандат рече оти се трудел да биде достапен за секој граѓанин, да помогне секаде онаму каде што може и да ги застапува ставовите на маргинализираните. Оттука, како што рече, неговата совест е чиста
Дали при носењето на некои одлуки сум можел да постапам поинаку – сигурно! Дали сум бил безгрешен – апсолутно не. Меѓутоа, никогаш не сум имал лоша намера кон никого. Ова, меѓу другото, го истакна претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред јавноста и пратениците во Собранието, последно во овој мандат.

„Во мојот мандат сум бил и поддржуван и критикуван за одредени одлуки кои сум ги носел. Некогаш за моите јавно искажани ставови сум бил критикуван и од дел од оние кои ме поддржаа при изборот, на пример, за аферата ‘Рекет’, при ставањето вето на Законот за илегални градби или при покачувањето на функционерските плати. Но, секогаш во прв план ми биле интересите на граѓаните и на државата, пред нив секогаш сум бил транспарентен и од одговорност никогаш не сум избегал“,
посочи претседателот.
Во изминатите пет години од претседателскиот мандат рече оти се трудел да биде достапен за секој граѓанин, да помогне секаде онаму каде што може и да ги застапува ставовите на маргинализираните или невидливите и заборавени од системот чиј глас, како што рече, не допира до институциите.
Оттука, како што кажа, неговата совест е чиста.
Поврзани вести од годишното обраќање на претседателот: