Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите од истражувањето на ИНСА за неделното издание на „Билд”
Последните анкети во Германија велат дека големо мнозинство од германските граѓани би сакале на чело на државата да застане нов канцелар. Овие објави не му одат во корист на канцеларот Олаф Шолц откако вчера мнозинството граѓани и во друга анкета се изјасни дека не се задоволни од работата на Шолц и од неговите коалициски партнери.
Само 22% од граѓаните би сакале на власт да останат социјалдемократите на Шолц, Зелените и бизнис-ориентираните Слободни демократи, додека, пак, 70% се изјасниле како незадоволни од неговата работа, што преставува значителен скок од 10 процентуални поени во споредба со анкетите од пред еден месец.
Според анкетата на неделното издание на „Билд“, СПД го зголемува својот јаз во однос на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и сега има само 18 отсто поддршка, два процентни поени помалку од минатата недела, додека АфД остана на 21 проценти. Опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ има 27 отсто поддршка, Зелените 14 отсто, а ФДП осум отсто. Левичарската партија Die Linke остана непроменета на пет проценти.