Информацијата дека Џулијани се наоѓа во критична здравствена состојба и дека е во болница вчера ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на неговата социјална мрежа го нарече Џулијани за вистински воин и најдобар градоначалник во историјата на Њујорк
Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е хоспитализиран и се наоѓа во критична, но стабилна состојба, соопшти неговиот портпарол Тед Гудман, пренесува Си-ен-ен.

„Градоначалникот Џулијани е борец кој се соочил со секој предизвик во својот живот со непоколеблива сила, а со истото ниво се бори и сега“,
напиша Гудман во објава на Икс.
Во соопштението не се наведуваат причините за хоспитализацијата на 81-годишниот Џулијани.
Mayor Rudy Giuliani is currently in the hospital, where he remains in critical but stable condition. Mayor Giuliani is a fighter who has faced every challenge in his life with unwavering strength, and he's fighting with that same level of strength as we speak.
— Ted Goodman (@TedCGoodman) May 3, 2026
We do ask that you…
Информацијата дека Џулијани се наоѓа во критична здравствена состојба и дека е во болница вчера ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на неговата социјална мрежа го нарече Џулијани за вистински воин и најдобар градоначалник во историјата на Њујорк.
Само два дена претходно, Џулијани во својата емисија „Градоначалникот на Америка во живо“ им рече на гледачите дека неговиот глас е малку нестабилен, додавајќи дека нема да може да зборува толку гласно како вообичаено. Во текот на емисијата неколкупати е забележан како кашла.
Џулијани во последните месеци не се појавуваше редовно во своите медиумски програми.
Последната епизода од „Шоуто на Руди Џулијани“, што се емитува на ТВ Линдел е објавена во средата, откако неколку пати не се прикажуваше во април.
Џулијани беше градоначалник на Њујорк од 1994 до 2001 година, а стекна национална и меѓународна препознатливост поради своето лидерство по терористичките напади на 11 септември 2001 година, кога го доби прекарот „градоначалник на Америка“.
Подоцна стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп и одигра клучна улога како негов личен адвокат во обидите за оспорување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, при што јавно промовираше неосновани тврдења за изборна измама.
Во последните години, Џулијани се соочи со сериозни правни и финансиски проблеми, проследени со низа јавни контроверзии. Во 2023 година поднесе барање за банкрот, откако судот му наложи да плати висока отштета во случај за клевета поврзан со неговите тврдења за изборни нерегуларности, а во 2024 година му беше одземена адвокатската лиценца во државата Њујорк.
И покрај тоа, Џулијани имаше силна политичка поддршка од Трамп, кој минатата година го назначи во советодавниот одбор во рамки на американското Министерство за внатрешна безбедност.
